Претседателот на ДИК Чичаковски поднесе оставка

Сподели

Претседателот на Државната Изборна Комисија, Александар Чичаковски денеска за МИА изјави дека поднел барање за престанок на функцијата Претседател на Комисијата.

Оставката била негов личен чин, изјавил Чичаковски.

Оставката следува откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК зеле високи надоместоци, бонуси во последните неколку изборни циклуси и откако беше распишана интернет петиција за негово разрешување.

За сега нема известување дали и некој друг член од ДИК има поднесено оставка иако за МИА неколку од нив изјавиле дека оставките веќе им се напишани.