Претседателот Пендаровски го поздравува постигнатиот договор за предвремените парламентарни избори

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски го поздравува постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии, предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули годинава.

Истовремено, претседателот Пендаровски искажува очекување дека изборите ќе бидат фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отпочнува преговори со Европската Унија.

Постигнатиот консензус за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори, според претседателот Пендаровски е уште еден показател дека во секоја зрела демократска земја неопходен е политички дијалог преку кој се носат усогласени одлуки и одлуки исклучиво во интерес на граѓаните на нашата земја.