Пендаровски го прими премиерот Заев и министрите во новата Влада

Сподели

 

По изборот на составот на новата Влада од страна на Собранието на Република Северна Македонија, денеска претседателот Стево Пендаровски го прими премиерот Зоран Заев и членовите на Владата.

 

 

Претседателот Пендаровски им честиташе на премиерот и членовите на Владата за нивниот избор, им посака успех и да ја оправдаат довербата којашто ја добија од граѓаните на предвремените парламентарни избори. Истовремено, претседателот Пендаровски посочи дека очекува новиот владин состав успешно да работи на клучните прашања за државата, односно интеграцијата во Европската Унија, борба со корупцијата, зајакнување на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните.