Претседателски избори во Колумбија: Шест кандидати за шеф на државата

Сподели

Денеска во Колумбија се одржуваат претседателски избори на кои 36,23 милиони регистрирани гласачи бираат шеф на државата за наредните четири години..

Нешто повеќе од 11.000 гласачки места ширум Колумбија се отворени утринава во осум часот по локално време, а затворањето на гласачките места е најавено за 16 часот.

Изборите се организирани со максимални безбедности мерки. Aнгажирани се 115.000 припадници на безбедносните сили.

Во изборната трка учествуваат вкупно шест претседателски кандидати Герман Варгас Лиерас, Густаво Петро, Хумберто де ла Кале, Иван Дуке Маркез, Серхио Фахардо и Хорхе Антонио Сармиенто.

Колумбијците бираат нов претседател во сенка на мировни преговори кои властите ги водат со милитантните групи. Преговорите со последната активна група на Војската на национален спас (ELN), влегоа во сам крај.

Актуелниот претседател на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, ги повика гласачите да излезат на избори.

Доколку ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг на претседателските избори во Колумбија ќе се одржат на 17 јуни, а во трката за шеф на државата ќе останат двајца кандидати со најголем број на освоени гласови.

Новиот претседател на Колумбија би требало да биде инаугуриран на 7 август во палатата Каса де Нарињо.

AA