Претставата „Сергеј е многу глупав“ на Охридскиот народен театар на „Охридско лето“

Сподели

 

Во рамки на драмската програма на „Охридско лето“ утре вeчер (10.8.2023 г.)  на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде изведена претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, а во режија на Дејана Николовска.

Настапуваат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски,  Филипи Кипровски и Леонида. Сценографијата и костимографијата се на Енес Деари, а композитор е  Сашко Костов.