Архивскиот материјал од иселениците трајно да се заштити во Државниот архив

Сподели

 

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески оствари средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, на која се разменети информации за работата на двете институции.
 
Притоа е разгледана и можноста за остварување на координирани активности поврзани со преземање архивски материјал за активностите на нашите иселеници и негова трајна заштита и чување во Државниот архив, со достапност за јавноста според условите што ќе ги посочат имателите на граѓата и според одредбите на Законот за архивски материјал.
 
Договорено е двајцата директори да упатат заеднички повик до нашите иселеници за предавање на архивскиот материјал што се однесува на активностите на нивните здруженија, црковни општини и слично и кој може да биде доставен во оригинална или дигитална форма.