Авицена Женска трка, во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, оваа година ќе ја организира 9-та по ред трка за припадничките на женскиот пол. Трката ќе се одржи на 5 септември, а пријавувањето за истата официјално е отворено и ќе трае до 30 август, односно до пополнување на предвидениот број на учесници.
Минатата година на Авицена Женска трка трчаа 500 натпреварувачки, кои и покрај сите протоколи и препораки за заштита од корона вирусот, успеаа да ја продолжат традицијата во подигање на свеста за здрави навики.
Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женската трка 2021 може да се направи преку официјалната веб страна на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk или на www.smartrace.club.
Можност за учество и пријавување имаат сите припаднички на женскиот пол без разлика на возраста. Од организацијата информираат дека сите оние учеснички кои минатата година ја одложиле својата регистрација за 2021 година, автоматски се префрлени и за овогодинешната трка и не треба ништо да превземаат, може своето име да си го побараат во стартната листа на www.zenskatrka.mk
Стартот на трката ќе биде од 9:00 часот наутро, а ќе се трча вкупно 3 километри, со што по завршувањето на трката ќе се прогласат најдобите учеснички во 7 возрасни категории. Ќе биде организирана и лотарија во која ќе учествуваат сите учеснички со стартен број, кои ќе добијат подароци од партнерите на трката.
Организаторите на 9-то издание на Авицена Женска трка ги повикуваат сите претставнички на женскиот пол и љубители на спортот да се пријават на овогодинешната трка и да ги почитуваат сите препораки за заштита на здравјето и безбедно одржување на трката.