Притвор за припадник на собраниското обезбедување од 27. април

Сподели

Кривичниот суд во Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена на припадник на обезбедувањето на Собранието, кој е дел од осомничените за насилствата од 27. април, оваа година.

Како што пренесуваат медиумите станува збор за Абдулфетах Алими, кој се товари за непостапување во службата, односно е осомничен дека ги дал клучевите од вратите на Собранието.

Тој денеска сам се пријавил во судот, придружуван од адвокат, а по распитот пред судија на претходна постапка, со комбе бил пренесен во истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари.

Според медиумите, кои се повикуваат на видео-снимките од настаните во Собранието, Алими бил членот на собраниското обезбедување кој го спасил пратеникот Зијадин Села од напаѓачите.