Турската полиција ја привелa заменик-претседателката на парламентот, Первин Булдан, што е овозможено со новиот закон за одземање на пратеничкиот имунитет, соопшти прокурдската Народна демократска партија (ХДП), чиј член е таа.
Портпаролот на ХДП, Ајан Билген, рече дека Булдан е одведена од својот дом на испитување.
Државната новинска агенција „Анадолија“ пренесе дека е приведена во рамки на истрага за нејзините активности.
Владата на Турција ја обвини ХДП, партијата која е трета по големина во Турција, за поврзаност со курдските бунтовници, но партијата негираше.
Парламентот во мај одобри укинување на пратеничкиот имунитет, а оттогаш 12 пратеници на ХДП се уапсени под обвинение за поврзаност со тероризам.