Јордан Камчев, утрово е приведен во полициската станица Карпош, по информациите што ги имала Агенцијата за национална безбедност дека планирал бегство.
Од таму додаваат дека истиот ќе биде изведен пред судија на претходна постапкаи ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор бидејќи Камчев е осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”, за нелегално купените плацеви на Водно за Никола Груевски.
Против Камчев се води и големата истрага за случајот „Империја“ . Во „Империја“ е осомничен и Сашо Мијалков кој е во притвор по пресудата од 12 години затвор за масовното прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“.