ПРИЗМА: „Димна“ бомба пред храмот на богот Јанус -Катерина БЛАЖЕВСКА

Сподели

 

Katerina-BlazevskaА власта преку овој случај покажува дека нема апсолутно никаква намера да се менува ни самата, а камоли да спроведува некакви темелни системски реформи. Покажува дека нејзиниот менталитет на промовирање апсолутна безгрешност и неказнивност за неа, се концесионирани и зацементирани за век и веков.

Тоа значи дека и натаму не планира да си го губи времето со каква било реална отчетност. Таа е заинтересирана само за нивна ДПМНЕ-овска варијанта на отчетноста, етичките стандарди и демократија. Што значи тоа? Дека секогаш од еден кохерентен и веродостоен извештај или настан ќе ги извлекува само оние факти на чија основа може да се склопи една сосема поинаква приказна, а притоа ќе ги потиснат или премолчат сите други факти кои директно и противречат на нејзината верзија. Со таков инженеринг власта и натаму ќе ја модифицира вистината секогаш кога таа нема да им оди во прилог.

И, ако искинаа железни опинци за да оправдуваат еден сообраќаен чин типичен за бесрамник и подлец, тогаш можете ли да претпоставите на што сѐ се подготвени кога на ред ќе дојде докажувањето, не на снимки од „сејфсити“ туку на индициите од снимките кои сведочат за многу повеќе од две удрени возила и прегазен морал: за провизии, криминал, незаконско прислушкување и други слични „ситници“…

Тоа е лицето со кое ВМРО-ДПМНЕ преку „случајот Спасов“ денес ѝ се препорачува на јавноста: како богот Јанус – со две лица. Едно лице изгланцано за пред народот, другото за внатре, за „по дома“, таму каде што народот не може да ѕирне – ни во луксузите на Белата палата, ни во тајните што ги кријат финанските конструкции со кои таа е изградена.

И не случајно ги кријат: голем дел од народот би можел да падне во несвест кога ќе си ги види имињата на партискиот список во улога на „донатори“. Затоа партијата не сака да се знае ни кој пие, ни кој плаќа. Особено откако ова со Диме прилично им ги помати сметките, па се дозна дека социјалниот министер за бензин месечно имал право да троши исто толку колку што изнесува вкупната социјална помош за 10 до 12 лица, односно за повеќе од 40-тина луѓе, ако покрај носителите на правото за помош се земе предвид и бројот на членовите во сите тие семејства.

Тоа е двојното лице на богот Јанус. Во Рим постоел храм во негова чест, чии врати останувале отворени секогаш кога војниците заминувале на бојно поле, сѐ додека не се вратат. Ако вратите биле затворени, тоа значело дека војниците не се на фронт и дека владее мир.

Вратите во Белата палата постојано се отворени за партијата, и постојано затворени за јавноста. Значи, додека партиската војска е растрчана на „фронтот“ за расчистување на „Димни бомби“, народот треба да верува дека сѐ е во ред, да не прашува, да не се сомнева, да се опушти и да се развесели, што би се рекло, „да се направи Диме Спасов“.

Веројатно, тоа е единствениот начин некако да ги доближат до „базата“. Прашањето е само во чија: во партиската или во полициската?

Колумната на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја тука

Катерина Блажевска, ПРИЗМА