Двете ракети кои паднаа во полското село Прзеводов на неколку километри од границата со Украина велат дека експлозиите се случиле на две блиски локации во рок од неколку секунди.
Околу 16 часот вчера се слушнал силен звук во воздухот по што проектилите експлодирале, сведочат локалните жители за полскиот весник Газета Виборча.
-Дојдоа еден по други неколку секунди подоцна се слушнаа две силни експлозии. Од страв се стаписав. Никогаш не сум слушнал такво нешто, изјавил за Газета Виборча, 60-годишниот земјодеец Станислав Иванејко.
Еден проектил паднал врз земјоделска фирма чиј сопственик е италијански бизнисмен. Во фирмата имало и неколку објекти, а ракетата направила кратер длабок два метри. Биле уништени и земјоделски машини. На оваа локација загинале двајца жители на Прзоводов.
Втората ракета паднала во ниви каде немало луѓе и објекти.
Жителите се сомневаат дека ракетите требало да ја погодат блиската железничка пруга. Полските истражители соопштија дека првично станува збор за ракети од руско производство.