Проекција на документарецот „Црни бели дробови“

Сподели

 

Плоштад Слобода во соработка со Кадар продукција, во понеделник од 18 часот, ќе го проектира нивниот документарен филм кој што зборува за најгорливата точка со загадувањето во Скопје – токсичната депонија во ОХИС.

По завршувањето, ќе се одржи и дискусија со авторите на филмот, како и експерти и активисти кои периодов работеа на актуелизирање на проблемот со загадениот воздух.

Заедно со „Аеродром Сака да Дише“ ќе се дискутира за последиците врз луѓето, како и можностите за самоорганизација за справување со проблемот.

Настанот е отворен за сите добронамерници и засегнати.

АГЕНДА

18:10 – Проекција на документарен филм „Црни бели дробови“
18:35 – Разговор со авторите на филмот
18:45 – Дискусија со експерти и активисти
19:00 – Прашања од присутните