Проекција на танцови филмови во кино МСУ

Сподели

 

Утревечер, 8.октомври, во кино салата на музејот со почеток од 19.00 часот да го проследиме перформансот “Не ми ги допирај очите” и кратките македонски танцови филмови “Дома/филмот“ на Адријана Данчевска и „Витро“ на Филип Петковски.
 
„Не ми ги допирај очите”
“Не ми ги допирај очите” се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето.
(Кога ќе те снема, може повторно да те заима)
Следете политика и главите кон сонцето!
Кореографија: Адријана Данчевска
Танчари: Адријана Данчевска, Дејан Битровски
Музика: Артефакт, Гордан Спасовски Трио
Костими: Адријана Данчевска
Скопје танцов театар, 2021
 
“Дома/филмот“
(последен пресек, консензусна реалност)
Режија/Кореографија: Адријана Данчевска
Визуелен уметник: Ивана Мојсовска
Камера: Марко Марјановиќ, Тео Ангеловски
Музика: Claude Debussy, Fierce, Wolfgang Amadeus Mozart, Виктор Филиповски, Бојан Филиповски
Пост продукција: Адријана Данчевска, Тео Ангеловски, Ивана Мојсовска
Играат: Наталија Теодосиева, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Ивана Мојсовска, Адријана Данчевска, Филип Петковски, Стела Поповска, Рената Несторовска, Иван Ангелковски, Александра Велкова
Скопје танцов театар, 2020
 
Витро
Инспириран од македонски ритуали и легенди кои ја опфаќаат природата, витро ги истражува живоста и трансформацијата како суштински аспекти кај движењето на човечкото тело и движење во природата.
Режија и кореографија: Филип Петковски | Во филмот играат Адријана Данчевска, Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Матеја Јанковска и Филип Петковски. Камера и фотографија: Марко Марјановиќ, Теодор Ангеловски и Жарко Чулиќ | Монтажа: Кирил Манчевски | Музика на Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Ерик Сати и Пјтор Илич Чајковски.