Утре започнува производството на вакцината “Спутник V” во “Торлак”

Сподели

 

Супстанцата за производство на вакцината „Спутник V“ пристигнува во „Торлак“ попладне, а производството на вакцината во тој институт започнува утре.

Според министерот за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ, вели дека во првата фаза ќе бидат произведени четири милиони вакцини.

 

 

Тој рече дека супстанцијата за вакцината пристигнала на аеродромот Шереметјево, а попладнево ќе се транспортира во Белград во специјални контејнери на температура од плус два до плус осум степени.

– Кога ќе пристигне во Белград, таа оди во „Торлак“, каде што сè е подготвено за производство на вакцината, што ќе започне утре попладне“, изјави Поповиќ за „РТС“.

Според него, четири милиони вакцини „Спутник V“ ќе бидат произведени во првиот период од четири до шест месеци. Тој истакна дека производството на втората доза на вакцината е многу комплицирана за производство.

– Истражувањата покажуваат дека вакцината „Спутник V“ постигна извонреден резултат. Ефикасноста достигна 97,6 проценти – посочува Поповиќ.

Тој наведува дека вакцината ќе се користи првенствено за српските граѓани, бидејќи таков е договорот меѓу претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, но секако дека и Србија ќе му помогне на регионот. Се очекува првата вакцина од „Торлак“ да приститгне во вакциналните пунктови за 10 дена.

На 19 мај, Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена во „Торлак“ и одобри вакцината „Спутник V“ да се произведува во овој српски институт во иднина.

Србија ќе стане првата земја во Европа што ќе ја произведува оваа вакцина.

МИА