Промоција на „Часовник без часови“ од Владимир Мартиновски

Сподели

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Часовник без часови“ од д-р Владимир Мартиновски, професор и декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Промоцијата ќе биде проследена со изложба на слики, инспирирани од песните во книгата. Промотор на делото е Александар Еленин.