Промоција на документарна збирка „Деца на војната“

Сподели

evrei

Промоција на документарната збирка „Деца на војната“ ќе се одржи денеска во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во организација на Амбасадата на Руската Федерација и Фондот на холокаустот.

Од Амбасадата информираат дека „Деца на војната“ е збирка дневници кои ги пишувале советските деца за време на борбата против агресијата на нацистите во 1941-1945 година. Станува збор за потресни документарни сведоштва на децата кои се нашле во концентрациските  логори во Ленинград за време на неговата опсада и на борбениот терен.

Книгата на англиски јазик ја издаде руската издавачка куќа „Аргументи и факти“ во 2016 година, а примероци ќе бидат донирани за библиотеката на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

На промоцијата ќе се обратат главниот извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикарио, и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Шчербак.

Промоцијата се организира по повод 70 години од завршувањето на Нирнбершкиот процес.