Државниот архив и Дипломатскиот клуб денеска ја промовираа студијата “Нико Зупанич и Македонија во 1903 година” од амбасадорот, Виктор Габер.
Словенецот, Нико Зупанич е научник во областа на антропологијата, етнографијата и историјата, кој докторирал во Виена токму во 1903 година и кој, меѓу другото, се занимавал и го проучувал поширокиот третман на темата Македонија и Македонците.
На промоцијата на оваа книга зборуваа: д-р Емил Крстески, директор на Државниот архив, амбасадорот на Р.Словенија, Милан Предан, проф. д-р Ирена Стефоска, амбасадорот, Огне Малески и авторот, м-р Виктор Габер.
Ова најново издание на Државниот архив може да се набави во самиот Архив и во книжарницата Literatura.mk во Сити мол – Скопје.