Промоција на монографијата „Чашуле: приказнувачот“

Сподели

 

Како дел од придружната програма на овогодинешниот МОТ ќе биде промовирана монографијата „Чашуле: приказнувачот“.
Монографијата „Чашуле, приказнувачот“ претставува научна и емотивна книга за македонскиот писател и драмски автор Коле Чашуле. Замислена е како троен преглед на три важни топоси поврзани со неговата работа и со работата на авторката. Насловена е „Коле Чашуле: приказнувачот“, според еден од текстовите во книгата. Ова е исклучително ретка книга во македонската театролошка литература. Не само во жанровска, туку и во поетичка смисла, книгата „Чашуле, приказнувачот“ се препознава како прилично, дури и експлицитно „хибридна“: нејзиниот „темелен“ дискурс е, напоредно, и научно дистанциран (театролошки аргументиран/„објективен“), ама и евидентно „субјективен“: интимистички тактилен, речиси романескно „расприкажан“, поетичен, наведува проф. д-р Јелена Лужина во рецензијата на книгата.
 
Книгата е заедничко издание на авторката во соработка со Факултетот за драмски уметности – Скопје и „Арс Ламина“. Промотор на книгата е проф. д-р Јелена Лужина.
 
Специјални гости: „Црнила ремикс“.