Промоција на „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ во Њујорк

Сподели

 

Книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од македонската теоретичарка Сузана Милевска ќе биде промовирана денеска во галеријата МС во Њујорк. Книгата е во издание на ЗГ Контрапункт – Скопје во едицијата „Пунктум“ што е дел од платформата КРИК-фестивал за критичка култура.

На промоцијата воведно излагање ќе има Искра Гешоска, културен теоретичар и издавач, а ќе се одржи и разговор меѓу авторката на книгата и Живка Ваљавичарска, вонреден професор на Институтот „Прат“ во Њујорк. Потоа  ќе следува и одговор од страна на Тијана Ана Спасовска, историчар на уметноста.

Промоцијата ќе заврши со отворена сесија за прашања и одговори што ќе ја води Артан Садику, теоретичар на културата и политиката, информираат од платформата КРИК-фестивал за критичка култура.