Промоција на “Антологија на источното црковно пеење”

Сподели

На конкурсот кој што по повод прогласувањето на 2018-та за Европска година на културното наследство го објави Делегацијата на Европската Унија, беше избран проектот “Антологија на источното црковно пеење” од авторот проф. Др Јане Коџобашија.

Промоцијата на “Антологија на источното црковно пеење”, ќе се одржи денес во ЕУ Инфо центарот во Скопје со почеток во 12.30 часот.

За ова најново монографско издание на проф. Коџобашија ќе говорат академик Луан Старобва и Елена Петрова, директор на Управата за културно наследство. На промоцијата со неколку  творби од “Антологијата” ќе настапи Камерниот хор “Херувими.”