Протест против пресудата за малиот Алмир: “Правдата во Македонија е мртва”

Сподели

Протест против пресудата за малиот Алмир, со извици “Правдата во Македонија е мртва:, се одржуваше во исто време додека високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини говореше пред македонските пратеници.

„Правдата во Македонија одамна е мртва. Ние сме тука да и кажеме на Могерини дека тука нема правда, а ако ова е правда на Европа нека си ги земат овдешните судии и политичари, ние не ги сакаме. Со ваква селективна правда ние не одиме никаде. Случајот „Алмир“ е на новата власт, не го наследи, а селективна правда има и за Смилковско езеро. Ние ќе ја истераме правдата, не само за Алмир, туку и за нашите деца“, изјави актерот Висар Вишка.