Приватните матични лекари го одложуваат протестот на две недели, за да видат каков ќе биде исходот од работните групи што треба да ги формира Министерството за здравство, односно дали ќе бидат исполнети нивните барања: лиценца за работа и пациенти на ПЗУ, како и минималнао покачување на капитацијата која засега изнесува 55 денари.
– Оваа Влада вети зголемување на бодот и очекуваме зборот да си е збор. Никој не бара бодот веднаш да биде 90 денари, но покачување мора да има, изјави денеска претседателот на Здружението на приватни матични лекари Лилија Чолакова.