Прва инвестиција со Zephyr Angels во Vendor во Стартап Клуб Скопје

Сподели

 

Zephyr Angels Network, со седиште во Стартап Клубот Скопје, гордо ја објави првата инвестиција со нејзино посредство во македонскиот стартап Vendor – кој има за цел да ја промени е-commerce индустријата.

Zephyr Angels е отворена мрежа на инвеститори кои се дел од македонскиот стартап екосистем подолго време. Водени од мотото „Не инвестираме само во иднината, туку и во идните претприемачи“, оваа не-ексклузивна мрежа на инвеститори кон која може да се приклучи секој со пасија за поддршка на стартапи, освен преку финансиска поддршка, го поддржува развојот на екосистемот и преку менторство и советувања на перспективните претприемачи при што не се инвестираат само пари, туку и време, знаења, вештини и искуства.

 

 

Стартапот Vendor има за цел да ја револуционизира е-commerce индустријта, преку обезбедување брзи, динамични и ‘tailor-made’ алатки за брзо поставување и менаџирање на онлајн продавници. Предводен од тим на претприемачи со искуство во продажба и дигитални платформи, во следниот период Vendor ќе биде посветен на регионална експанзија и поместување на границите во иновациите и обезбедување огромна додадена вредност на своите клиенти. 

 

 

„Почестени сме што ги имаме Zephyr Angels како наш стратешки партнер. Оваа соработка означува значајна пресвртница за Vendor, потврдувајќи ја напорната работа и посветеноста на нашиот тим и она што го создаваме“, рече Бобан Милосавлески, еден од основачите на Vendor. „Со поддршката на Zephyr Angels и бизнис ангелите, ние сме уверени во нашата способност да го забрзаме нашиот раст, и да го прошириме досегот на пазарот. И баш ми е драго што оваа инвестиција се случи во еден ваков хаб – Сатртап Клуб Скопје.“ – додава Милосавлески.

Мисијата и визијата на Стартап Клуб Скопје (СКС) да се поддржи и да се придонесе кон развојот на стартап заедницата и севкупниот екосистем е основната движечка сила која што беше препознаена од страна на инвеститорскиот сектор во нашата држава. 

Zephyr Angels е еден од првите партнери на Стартап Клуб Скопје (СКС) и првата инкубаторска програма #ИмамИдеја. Оваа програма е наменета за  сите претприемачи иноватори кои имаат уникатна бизнис идеја, но им е потребна помош и поддршка за развојот на истата. 

 

 

Иноватори, ова е можноста која не смеете да ја пропуштите! Пријавете се на отворениот повик за учество во првата инкубаторска програма најдоцна до 15 јануари 2024 година и направете го првиот чекор кон остварување на вашите соништа! 

Стартап Клуб Скопје и Zephyr Angels се тука да ви помогнат во секој чекор од вашиот пат!