Првиот ден на Божиќ – 25 декември е неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Сподели

 

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РСМ, 25 декември 2020 година (петок), првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Божиќ.​

(фотографија, Католичка црква – Скопје)