Прво ребаланс на буџетот, а потоа исплата на “Мој ДДВ”

Сподели

Исплатата на паричните средства од „Мој ДДВ“ за периодот април, мај и јуни нема да започне пред да се донесе ребалансот на Буџетот за 2024 година, изјави директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова.

Петрова соопшти дека во сегашниот буџет на УЈП не се предвидени доволно средства за исплата и затоа е неопходно носењето на ребалансот на буџетот, за да се реализира исплатата на парите од ДДВ за второто тромесечије.