Public room: “Само сенка на она што доаѓа” – Изложба на Тони Попов

Сподели

 

Public room, “Само сенка на она што доаѓа”, Изложба на Тони Попов, 17. јануари

„Лесно е да му се даде боја на стихот. Потешко е да се биде соголен пред другите. Сепак, јас верувам дека токму во тоа е повикот на секој кој создава: да стои на работ и да биде ранлив.
Серијалот слики од “Апстрактна поезија” е чекор надвор од комфорната зона, крик на лузните кои копнеат за исцеление, обид на смртното да ѕирне во вечноста.“ – Тони Попов

Претходни изложби
2017 , Групна изложба “Несовршен простор”, Национален Музеј, Струмица, Македонија
2015 , Групна изложба “Паратисима” Саем на Уметност, Торино, Италија
2015 , Самостојна изложба “Дојди поблизу”, Национален Музеј, Охрид, Македонија
2015 , Интернационална групна изложба “Звукот на уметноста”, Охрид, Македонија
2013 , ИФЕС, интернационална групна изложба, Екс ен Прованс, Франција

На изложбата ќе бидат изведени дела од композиторот и виолист, Марко Виденовиќ, кој беше инспириран да напише музика за делата „Ноември“, „Се уште паметам“ и „Помина нашето лето“.

(Изложбата ќе биде отворена од 17 јануари до 16 февруари 2018)