Денеска е пуштена во употреба он-лајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација.
Сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата се сиблимирани и достапни тука.
Преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против КОВИД-19 ” vakcinacija.mk “.
Имунизацијата е безбеден и ефикасен процес и е единствен начин за превенција од ширење на заразни болести и спасување животи.
Денеска се достапни вакцини за над 20 болести кои спасуваат милиони животи ширум светот. Сите вакцини против Ковид-19 се развиени на безбедни платформи и се моќно глобално оружје кое треба да стави крај на пандемијата, соопштуваат од Министерството за здравство.