Путин: Поради агресивната реторика на НАТО, ќе преземеме соодветни мерки

Сподели

putinco

Русија ќе преземе адекватни мерки поради агресивната реторика на НАТО, изјави рускиот претседател, Владимир Путин, пред пратениците во Думата, долниот дом на рускиот парламент.

Освен тоа, тој повика на формирање меѓународен безбедносен систем, отворен во сите земји.

Како што кажа, Русија ќе мора да ја зајакне борбената подготвеност зашто НАТО ја поместува својата инфраструктура кон руските граници.

– НАТО ја зајакнува својата агресивна реторика и има агресивни акции во близина на нашите граници – изјави Путин.

Во такви услови, додаде тој, Русија има должност особено да внимава на зајакнување на борбената способност на своите сили.

Путин: Поради агресивната реторика на НАТО, ќе преземеме соодветни мерки