“ОТКРИЈ СE, РАЗОТКРИЈ СЕ И ПРИФАТИ СЕ СЕБЕ СИ” во организација на Партизанска штампа, повикува на учество во работилници за емоционално здравје и креативно изразување, наменет за адолесценти (од 14 до 19 години).
Во текот три сесии преку теоретски предавања и интерактивни вежби ќе се работи на создавање на заеднички цртеж на следните теми: грижа за себе, комуникација и анксиозност.
Преку теми кои се однесуваат на нашето емотивно здравје и препознавање на сопствените емоции и состојби ќе се постигне увид во сопствените капацитети и интереси и соодветно интегрирање во заедницата со цел остварување на квалитетен живот преку здрав раст и развој.
Работилниците ќе се одвиваат во три сесии во времетрање од два часа од 17 до 19часот, по следниот распоред:
– 20 –ти февруари;
– 27-ми февруари;
– 6-ти март.
и еден отворен настан на кој ќе бидат изложени креативните творби кои се создале во текот на сесиите во втората половина на март.
– 20 –ти февруари;
– 27-ми февруари;
– 6-ти март.
и еден отворен настан на кој ќе бидат изложени креативните творби кои се создале во текот на сесиите во втората половина на март.
* Сесиите ќе ги водат: Дафина Шекутковска (координатор на проектот); Билјана Димитрова (културен работник); Мирјана Петровиќ, Ирена Жунгулова (психолози) и Доротеј Нешовски, Ана Трајковска (уметници).
Ве молиме сите заинтересирани за учество да испратат директна порака или меил на partizanprint@gmail.com
*Цртежот на постерот е на уметникот Тома Димовски.
*Работилниците ќе бидат организирани во согласност со протоколот бр.46 за работа на едукативните центри во услови на епидемија со Ковид 19 донесен од Владата на РСМ.