Забранет влез за Живко Митревски во зградата на ССМ. Работниците од најголемите синдикати се собраа во зградата по заканата за присилно иселување. Велат дека ќе останат внатре да го бранат домот на работниците се додека Централен регистар не ја изврши промената на имињата на претседателите. Среде зима најавуваат синдикална пролет, пренесува 24 Вести.
Четирите најголеми гранкови синдикати на кои им се заканува иселување ќе ја бранат зградата на ССМ. Велат дека ќе останат внатре се додека Централниот регистар не го впише името на новиот претседател Дарко Димовски.
„Поведени од одлуките, утрово кога ги најдовме на огласната табла, за исклучување на петте најголеми градски синдикати од Ццм на некоја си седница од разрешениот претседател Живко Митревски, ние се собравме да си ги одбраниме нашите синдикати, работни места и членството.“ вели – Дарко Димовски в.д. претседател на ССМ
„Игрите на Митревски продолжуваат, нема граници, изнајмен е магацин каде ќе се исфрлат нашите работи, ангажирани се луѓе кои ќе ослободат канцелариите и ние насилнички да бидеме остранети. Сценариото на Митревски е во оваа зграда да донесе други жолти синдикати“ вели – Пеце Грујовски од УПОЗ
„Не смее да не отсели присилно, зошто не постои причина за тоа, а најмалку тоа да го направи преку ноќ“- вели Маре Анчевска ген. Секретар на СИЕР
„Централниот регистар постапуваше и на ист начин со Специјалното обвинителството, а не со синдикатите и министерството за труд и социјална политика и одби да ја изврши промената во базата на податоци. Тоа е срамно. Државно минситерство ви праќа решение кои ви треба само да го спроведете, немате право да го цените тоа решение.Ние им поднесовме кривични пријави и на директорот на Централниот регистар, главниот регистратор и регистраторот кој работел на оваа проблематика“ – вели Звонко Давидовиќ – адвокат на ССМ.
Работниците велат дека добиваат поддршка и од членовите на помалите синдикати, а влезот во ССМ за Живко Митревски ќе остане забранет.
Работниците од 4-те гранкови синдикати се собраа во зградата на ССМ. Велат дека за разлика од Живко Митревски кој со приватно обезбедување го попречуваше влезот на зградата, тие со своето членство ќе го бранат домот на работниците. Според нив, овој потег означува почеток на синдикална пролет.
Непосредно пред Нова година, разрешениот Митревски ангажираше приватно обезбедување за да ја одржи седницата на која беа исклучени најголемите синдикати. Тогаш новинарските екипи беа насилно исфрлени од зградата. Инаку, синдикалниот отпор ги зафати и другите балкански држави. Само еден ден пред почетокот на годината, дел од синдикатите во Република Српска и откажаа послушност на претседателката на Сојузот на синдикати Ранка Мишиќ.