Претседателот на Италија, Серџо Матарела е целосно солидарен со нашиот став за пристапување на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, изјави шефот на бугарската држава Румен Радев по средбата во Рим со неговиот италијански колега.
– Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро. Јас многу јасно ја објаснив бугарската позиција дека ќе напредуваме кога самите земји ќе покажат јасно и неповратно дека ги исполнуваат критериумите, рече Радев.
Како што јави БГНЕС, тој нагласи дека во моментов бугарската Влада работи заедно со Владата на Северна Македонија и дека наскоро Бугарија ќе донира „значителна количина“ вакцини за земјава.
Радев потенцира дека со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со кога заедно отапуваа во Рим, разгледувале идеја да се поканат ученици и студенти од земјава да минат дел од одморот заедно со деца од Бугарија.
– Ако успееме тоа да го постигнеме тоа, ќе се направи најважниот чекор за надминување на децениска пропаганда со инсинуации и спротиставувања меѓу двете држави. Ако ги собереме нашите млади луѓе заедно, сигурен сум дека тоа ќе неутрализира какви било пропаганди, нагласи Радев.