Растур систем на Г. Стејт против Кливленд, воините поведоа со 2-0 и победија со +33

Сподели

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 2-0 во победи во финалето на НБА плејофот.

грин

Во вториот натпревар кој се одигра во Оукленд пред домашна публика, актуелните шампиони го декласираа Кливленд со 110-77 цели 33 поени разлика.

Кливленд имаше приклучок само во првата четвртина, потоа Дрејмонд Грин со две тројки ја најави високата победа на Голден Стејт.

Проблемите на Кливленд продолжија кога Кевин Лав поради повреда го напушти теренот.

Крилниот центар по еден дуел со Херисон Барнс се здоби со потрес на мозокот и неговиот настап во третиот меч е неизвесен.

џејмс

Голден Стејт демонстрираше извонредна тимска одбрана, а во нападот од играчите кои влегова во игра само Брендон Раш не успеа да постигне поени.

Дрејмон Грин со 28 поени, 7 скокови и 5 асистенции го предводеше тимот до победата. Стеф Кари за 24 минути постигна 18 поени, а Клеј Томпсон 17.

Кај поразениот тим Леброн Џејмс даде 19 поени, 8 скока и 9 асистенции, а потфрли Кајри Ирвинг со само 10 поени.

грин1

Финалната серија сега се сели во Кливленд каде ќе се одиграат 3 натпревари, а првиот ќе се одигра в среда навечер.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=Bm3Wt1OFMhc]

The post Растур систем на Г. Стејт против Кливленд, воините поведоа со 2-0 и победија со +33 appeared first on Спорти.


Source: Sporty