Растурени протестите во Венецуела, повреден преставник на опозицијата

Сподели

venecuela-protesti

Истакнат претставник на опозицијата во Венецуела е повреден кога полицијата испука солзавец и со примена на сила ги разби протестите на опозицијата.

На протестите од власта се бара да направи референдум за отповикување на претседателот Николас Мадуро.

Ова е четврти пат полицијата да користи сила против демонстрантите кои се обидуваат да дојдат до референдум, кој, според опозицијата, мора да се одржи оваа година за кризата во земјата да не ескалира во немири.

Демонстрантите синоќа се обидоа да влезат во седиштето на Националниот изборен одбор, прескокнувајќи го кордонот на полицијата и на војската.

Претставник на Националниот изборен одбор, Луис Емилио Рондон, синоќа изјави дека потписите за петицијата за отповикување на Мадуро ќе бидат потврдени во периодот од 20 до 24 јуни, што е уште еден чекор во долгиот процес.

Одборот досега прифати 1,3 милиони потписи, а треба да провери уште најмалку 200.000.

Потоа, според уставот, опозицијата треба да собере уште четири милиони потписи.

Растурени протестите во Венецуела, повреден преставник на опозицијата