Разговор со уметниците Брук Ендрју и Иман Иса во МСУ

Сподели

 

На покана на Музејот на современа уметност – Скопје на 6 и 7 септември со почеток во 19 часот во џепното кино на музејот ќе се одржи отворен разговор/предавање со двајца меѓународно познати уметници.
 
Покрај тоа што ќе одржат Artist talk, целта на посетата на Брук Ендрју и Иман Иса на нашиот музеј е и да направат селекција на дела од уметничката колекцијата на МСУ, кои ќе бидат изложени во почетокот на следната година во Кунстхале, Виена, каде Музејот на современата уметност – Скопје ќе им голема изложба.
Покрај овие двајца уметници во селекцијата и осмислувањето на поставката ќе бидат вклучени уште 6-мина други со која ќе воспостават дијалог помеѓу овие дела и нивната работа. Целта е да ја истражат колекцијата и да рефлектираат врз истата со свое дело. Идејата е да се види како денес уметниците ја доживуваат збирката на МСУ настаната преку уметничката солидарност.
 
На 6 септември, во 19 часот, презентација на своето творештво ќе има Брук Ендрју. Разговорот со уметникот ќе го води Тихомир Топузовски.
Интердисциплинарната уметничка практика на Брук Ендрју е поттикната од спротивставеноста на испреплетените наративи, кои честопати произлегуваат од нередот создаден како резултат на „Колонијалната „Wuba“ (празнина). Неговата практика е втемелена во перспективата произлезена од Австралиските „Wiradjuri“ (група Абориџини) и Келтска персоналност. Неговите уметнички дела, музејски интервенции, истражувања и кураторски проекти ги предизвикуваат ограничувањата наметнати од структурите на моќта, историската амнезија, како и соучесништвото да се насочуваат и поддржуваат домородните начини на сознавање и опстојување низ системските промени и она кое се подразбира како „yindyamarra“ (почитувањето, честа, постепеното одење и одговорноста).
Брук Ендрју е професор по интердисциплинарни пракси на Факултетот за ликовни уметности и музика, и директор на музејот и колекцијата на ‘реобмислување’ на Универзитетот во Мелбурн, Австралија.
***
На 7 септември, во 19 часот, предавање ќе одржи Иман Иса на тема „Застапници, со нивен сопствен живот“. Разговорот со уметницата ќе го води Артан Садику.
Можеш ли да се правдаш на независниот живот на формите додека ги користиш? На ова предавање Иса ќе разговара за серија свои дела кои се занимаваат со форми со зададена функција, како што се споменици, историски наративи, филмови, уметнички дела и артефакти, размислувајќи за нивните претпоставени наследства, како и позициите на субјектите што ги оживува.
Иман Иса е уметница и професорка на Академијата за ликовни уметности во Виена. Нејзините дела досега биле изложени низ целиот свет, вклучително и во Музејот на американската уметност Витни, Њујорк, Хамбургер Банхоф, Берлин, МоМА, Њујорк, Музејот Соломон Р. Гугенхајм, Њујорк, MACBA, Барселона и уметнички центар во Бејрут… Таа е прогласена за уметник DAAD во 2017 година и е добитник на наградата Вилчек за креативно ветување (2017), наградата на Фондацијата Луис Комфорт Тифани (2015), наградата HNF-MACBA (2012) и наградата за уметност на Абраај Груп (2013). Нејзината најнова публикација „Книга за факти: предлог“ беше објавена на 13-тото биенале во Шарја во 2017 година.
Влезот е бесплатен.