Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, преку Твитер пренесе некои од одлуките донесени на вчерашната седница на Владата на Република Македонија, меѓу кои и разрешувањето на Александар Донев, директор на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот.
Донев предизвика бројни реакции во јавноста со неговиот пат до Аргентина со бизнис-класата, за што потрошил 220.000 денари буџетски пари за билет.