Разрешен директорот на Театар Комедија, за в.д. директорка назначена е Нора Шаќири Марковиќ

Сподели

 

Поради  неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура, разрешен е Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија, соопштија од Министерството.

„При надзорот е утврдено дека директорот на  театарот презел обврски над одобрените средства од  Министерството за култура  во вкупен износ  од  8.734 486,оо  денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура“, стои во соопштението.

Од Министерство за култура посочуваат дека до изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, за  в.д. директорка е назначена Нора Шаќири Марковиќ, вработена во театарот.