По поднесена тужба од страна на тужителот Весна Дамева од Скопје против Одлуката на Судскиот совет на РС Македонија бр.02-934/1 од 04.05.2023 година, Одлуката на Управниот суд по наведениот предмет, У-5.бр.618/23 од 14.12.2023 година, е објавена на веб страната на Судот, анонимизирана согласно член 9 од Законот за управување со движењето на предметите во судовите (Службен весник на РСМ бр.42/2020).
Управниот суд денеска ја уважи тужбата на поранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева, која во рок од 30 дена треба да се врати на функцијата од која беше разрешена.
Оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека истата е незаконита поради повреда на правилата на постапката, односно од причина што оспорената Одлуката содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот.
Во конкретниот случај, Судот најде дека образложението на оспорената
Одлука е нејасно, односно тужениот орган во истата не дал никакви
образложени причини поради кои го разрешува од функција сега тужителот, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на онаква Одлука како што е дадена во диспозитивот на истата.
Имено, во образложението на оспорената Одлука, тужениот орган само навел дека со мнозинство на гласови на членовите со право на глас била изгласана недоверба на сега тужителот како претседател на С. с., по што и била донесена Одлуката за разрешување со мнозинство гласови од присутните членови со право на глас. Во истото не се наведени ниту причините поради кои барањата, предлозите и тврдењата од сега тужителот не биле земени во предвид, ниту се наведени законски одредби, по кои била спроведена постапката која претходела на донесувањето на оспорената Одлука, со оглед на тоа дека истиот само се повикува на член 38 од Законот за Судскиот совет на Република С.М., со која законска одредба само се регулира работата на седници на Совет.
У-5 бр.618/2023 Имено, со член 8 став 4 од Законот за судски совет на Република Северна Македонија, е уредено дека претседателот на Советот се избира од редот на членовите на Советот со право на глас, а со член 41 од истиот закон е уредено дека членовите на Советот со право на глас во вршење на функцијата член на Советот се еднакви во правата и обврските. Претседателот на Советот како член
на Советот со право на глас има еднакви права и обврски со останатите членови, а со тоа и еднаква одговорност. Постапката за одговорност на член на Советот е уредена во член 34 и 35 од Законот за судски совет на Република Северна Македонија. Во член 35 став 5 од цитираниот закон е уреден и начин на постапување по барање за дисциплинска одговорност на претседателот на Советот, од што произлегува дека одредбите за одговорност на член на Советот се однесувааат и за претседателот на Советот. Од друга страна во член 36 од истиот закон е уредена и таксативно наведена надлежноста на Советот, во кој покрај другата надлежност, во алинеја 6 е наведено дека Советот одлучува за дисциплинска одговорност на член на Советот, а никаде не е наведено дека истиот има надлежност да одлучува за изгласување недоверба на претседател на Советот, ниту за разрешување
Предвид на наведеното при повторното постапување, тужениот орган да ги има во предвид укажувањата дадени од Судот, па по спроведена законита постапка, во рамките на своите надлежности, со повикување на конкретни законски одредби да донесе образложена и законита Одлука.
Со оглед на изнесеното, Судот најде дека тужбата е основана и одлучи
како во изреката на пресудата, согласно член 60 став 3 алинеја 2 од Законот за управни спорови.
Управниот суд ја донесе оваа Пресуда без одржување на јавна расправа,
согласно член 38 став 1 алинеја 4 од Законот за управните спорови („Службенвесник на Република Македонија“бр.96/2019), според кој Судот по исклучок од одредбите од член 37 од овој закон, одлучува по управниот спор без да одржи расправа, ако најде дека оспорениот управен акт содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот, поради што ќе го поништи таквиот акт, како што е случај во конкретниот предмет.