Театар „Провокација“ на 3 март со претставата РАЗВЕДИ МЕ, во режија на Роберт Ристов, учествуваше на 9-тиот по ред Интернационален фестивал на дуодрамата во Топола – Република Србија.
На свеченото зарварањето, кое се случи на 8 септември, претставата беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот.
Ова е уште една потврда за успешното работење на Театар „Провокација“.
Селектор на фестивалот во Топола беше познатиот актер Ирфан Месур, а стручното жири го сочинуваа познатите актери: Томислав (Тома) Трифуновиќ (претседател на жирито), Сергеј Трифуновиќ и Весна Станоевиќ.
