РЕАКЦИЈА на ЗМСТАС: Подобро јавно здравство без медицинските сестри?!

Сподели

Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението „ЗА НАС“ ги прашува надлежните институции како ќе се подобрат здравствените услуги без да се овозможат правата на медицинските сестри?!

Од Министерството за финансии велат дека буџетот за 2019 предвидува за 10% повисоки плати за лекарите специјалисти, но никаде не се споменати медицинските сестри како клучна алка при подобрувањето на здравствените услуги.
„Срамота е што сестринската фела е повторно ставена на маргините во нашето општество. На сите наши обраќања и достоинствени барања за нашите права институциите се обидуваат да не изманипулираат и само да ги одолговлечат процесите кои треба да ги превземат. Медицинските сестри не се планирани во буџетите на здравствените институции за покачување на платите, за едукации, за признавање на нашето образование, за нашите специјализации. А основната причина за сето ова е непостоењето на закон за нашата професија. изминатиов период подготвивме и предлози за измените во законот, подготвивме предлог решенија за проблематиките со сестрите концесионери… но, од министерството за здравство немаат слух за нас. До кога намерно ќе не тргаат на страна? Ова ли е начинот на кој ќе го подобруваат здравството?“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС.