Регистриран прв случај на коронавирус во земјава (ВИДЕО)

Сподели

 

Потврден е првиот случај на заболен од коронавирус во земјава. Станува збор за пациентка, родена 1970 година од Скопје, која одреден период престојувала во Италија.

 

 

Како што кажа денеска на прес-конференција во Владата министерот за здравство Венко Филипче, жената еден месец била во Италија на посета на роднини, а две недели била болна, но во клиниките во Италија не било констатирано дека има коронавирус.

„Пациентката беше хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, а во моментов е сместена во оддел за изолација. Пациентката, со оглед дека две недели била болна, перидот на инкубација поминал и не претставува опасност да ја пренесе болеста, но сепак ќе бидат тестирани сите лица кои биле во комбето со неа, со кое се транспортирале од Италија. Ќе стапиме во контакт со сите и лицата ќе бидат ставени во 14-дневна изолација“, рече министерот Филипче.

„Нема простор за паника, пацентката е сместена на инфективната клиника во Скопје, во одделот за изолација, се третира соодветно за нејзината состојба, епидемиолошките анализи, прашањата коишто и беа упатени укажаа дека таа веќе еден месец била во Италија на прошетка и во посета на свои роднини“, изјави вечерва Филипче на прес-конференција заедно со премиерот Оливер Спасовски и Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Докторт Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје Скопје дека екипата која ја примила е опремена со комплетна заштитна опрема.

„Жената е на интензивна нега, тоа значи изолација од останатите болни. Свесна е, ориентирана и дише слободно. Лекарите си ја спроведуваат својата активност“, рече Караџовски.

„Екипата е спремна за половина час да дејствува. За мене е важно населението може да биде мирно. Не заборавајте дека Италија има 14 милиони жители и немојте да очекувате да забраниме трансфер на лица“, рече Караџовски.