Регистрирани се 326 нови случаи, 242 оздравени пациенти и 8 починати лица

Сподели

 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
 
Направени се 2.562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 145, Прилеп – 22, Битола – 21, Кавадарци и Охрид – по 15, Струмица – 14, Штип – 12, Куманово – 11, Валандово – 9, Радовиш – 7, Велес, Кочани и Крива Паланка – по 6, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 5, Тетово и Ресен – по 4, Свети Николе – 3, Берово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
 
Регистрирани сe 242 оздравени пациенти од: Скопје – 146, Битола – 19, Охрид – 10, Прилеп, Кавадарци, Куманово и Велес  –  по 8, Штип – 6, Гевгелија – 5, Демир Хисар – 4, Струмица, Кочани и Делчево – по 3, Крива Паланка и Ресен – по 2, Радовиш, Кичево, Неготино, Пробиштип, Виница, Крушево и Демир Капија – по 1.
 
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (77г, 83г и 100г), 2 починати лица од Прилеп (68г и 69г) и по едно починато лице од Велес (71г), Виница (57г) и Кратово (53г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
 
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 лица, починати во период од 25.10-11.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (3), Тетово (2) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 50г до 80г. Од пријавените починати лица, 4 се починати во домашни, а две лица во болнички услови.
 
Направени се 2.562 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-68, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-115, Биотек-135, Систина-65, лабораторија Лаор-98, Синлаб-23, Ремедика-22, Плодност–31, Генеа-5, Никоб лаб-209, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-49, Ројал Медика–36, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 929.
 
Досега во земјата се направени вкупно 1.509.665 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, бројот на оздравени пациенти е 206.903, на починати е 7.768, а бројот на активни случаи изнесува 5.498.