Регистрирани се 464 нови случаи и 23 починати лица

Сподели

 

Во последните 24 часа се направени 4.553 тестирања, а регистрирани се 464 нови случаи на КОВИД-19:
 
• Скопје – 225
• Куманово – 42
• Струмица – 35
• Штип – 27
• Велес – 24
• Охрид – 21
• Прилеп – 15
• Тетово – 10
• Свети Николе – 8
• Кичево – 7
• Ресен – 6
• Кавадарци, Кочани и Кратово – по 5
• Гостивар, Битола, Дебар и Виница – по 4
• Радовиш и Крива Паланка – по 3
• Струга и Неготино – по 2
• Гевгелија, Македонски Брод и Дојран – по 1.
 
Пријавени се 23 починати лица: 11 починати лица од Скопје (47г, 55г, 61г, 78г, 78г, 79г, 79г, 81г, 81г, 81г и 83г), по 3 починати лица од Охрид (40г, 68г и 75г) и Струга (45г, 67г и 77г), 2 починати лица од Велес (60г и 73г) и по едно починато лице од Тетово (62г), Куманово (54г), Кичево (72г) и Македонски Брод (73г). Од пријавените 21 лице е починато во болнички услови и 2 се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 435 оздравени пациенти од:
• Скопје – 183
• Гостивар – 43
• Куманово – 27
• Струмица – 22
• Битола – 20
• Кичево – 19
• Штип – 15
• Свети Николе – 13
• Кавадарци – 11
• Прилеп – 10
• Велес и Кочани – по 8
• Ресен и Богданци – по 7
• Делчево – 6
• Неготино – 5
• Радовиш и Кратово – по 4
• Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Валандово и Македонска Каменица – по 3
• Берово, Крушево и Македонски Брод – по 2
• Пробиштип и Демир Хисар – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.223.054 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројката на оздравени пациенти е 163.852, на починати е 6.259, а бројот на активни случаи изнесува 13.412.