Лукс Интегра, 2 Јули, 09:30ч
Реики е прецизен древен тибетски систем за исцелување, ускладување и урамнотежување на енергијата, кој се користи за намалување на стресот, за релаксација и за здравје. Тој е нежен, едноставен, природен и безбеден метод на духовно исцелување и самоусовршување кој може секој да го користи. Реики бил повторно откриен при крајот на XIX век од страна на Микао Усуи (Mikao Usui), а подоцна проширен низ светот од страна на Хавајо Таката (Hawayo Takata).
Зборот реики е составен од два јапонски збора – „реи“ што значи „божја мудрост или виша сила“ и „ки“ што значи „универзална животна енергија“. Така, реики всушност претставува „духовно управувана универзална животна енергија“. Реики поседува сопствена мудрост, не може да се манипулира и тече насекаде каде што постои некаква нерамнотежа.
Реики се базира на идејата (која ја има кај сите енергетски и духовни техники на исцелување) дека во вселената постои изобилство од духовна енергија. Во вселената постои „животна сила“ која одредува дали сме живи или не, како и степенот на нашата благосостојба. Таа „животна сила“ постојано тече низ нашето физичко и енергетско тело. Сите ние имаме вродена дарба за исцелување – нашето тело знае да се излечи само, а тоа се прави со „положување на рацете“. Постојат неколку позиции во кои оној што дава реики е во директен контакт со клиентот, но во повеќето реики-третмани воопшто нема допирање. Тој што дава реики ги држи дланките на неколку сантиметри од телото на клиентот и оттаму управува со енергетското поле. Во реикито енергијата се канализира на специфичен начин за телото, во кое енергијата излегла од рамнотежа, да се исцели, хармонизира и да му се врати рамнотежата.
Реики ја исцелува комплетната личност – телото, емоциите, умот, духот и кармата, создавајќи многу корисни ефекти како што се релаксација, чувство на внатрешен мир, безбедност и благосостојба. Тоа го доведува телото во хармонија така што го ослободува од телесните и емотивните блокади. Реики ги отвора вратите за да можеме да се вратиме кон сопствената совршеност, каква и да е таа, со тоа што ги третира причините и ги отстранува последиците. Реики третманот доведува до длабока опуштеност.
Реики се покажало успешно како помош во лечењето на речиси сите болести познати на човекот и секогаш дава благотворни резултати. Исто така, реики може да се комбинира со сите останати медицински и терапевтски техники за да се ублажат несаканите последици и полесно да се закрепне.
Енергијата на реики има неколку основни дејства: доведува до длабока релаксација, ги отстранува енергетските блокади, го детоксифицира организмот, дава виталност, ја зголемува фреквенцијата на вибрацијата на телото и води кон себеоткривање.
Една од главните карактеристики на реики тоа што клиентот ги идентификува сопствените потреби и ја привлекува енергијата според нив, со што клиентот станува активен дел од процесот на исцелување. Самиот поединец ја презема одговорноста за сопственото исцелување.
За да може личноста да почне со спроведување на реики, потребно е прво да се помине низ иницијација од страна на реики учител, позната како „ускладување“ или „штимање“ (attunement), а со кое се усогласува електромагнетното поле на телото со енергијата на реики и му се овозможува на ученикот да се поврзе со неисцрпливиот извор на „универзална животна енергија“ и со тоа да го подобри своето здравје и квалитетот на живот. Секој може да помине низ процесот на „ускладување“ или „штимање“ и да научи како да ја користи енергијата на реики. Реики е многу ефикасно, лесно се учи и лесно се користи.
Реики не е религија и не е догма. Духовноста на реики ја буди одговорноста да се живее и да се делува во хармонија со другите луѓе. Д-р Микао Усуи, основачот на системот на природно исцелување со реики, препорачал неколку едноставни етички идеали со кои се поттикнуваат мирот и хармонијата, универзални за сите култури.
Курсот Реики – Ниво 1 содржи:
– Позиции на рацете за третирање на самите себеси (Ќе научите едноставни позиции на поставување на рацете за да се третирате себеси со Реики уште од првиот ден после Реики курсот)
– Позиции на рацете за третирање на другите (Ќе научите едноставни позиции на рацете за третирање на другите и со тоа ќе можете да практикувате Реики на вашите пријатели, семејство и миленичиња)
– Како да третирате чакри со Реики (Ќе научите се за чакровскиот систем и како да користите Реики за да балансирате специфични енергетски центри на телото)
– Принципите на Реики (Ќе ги научите петте принципи на Микао Усуи и тие сe насоки кои се корисни за секојдневниот живот. Овие принципи ќе ви помогнат за подобрување на вашата добросостојба и внатрешно задоволство.
– Реики третмани (За време на курсот ќе давате и примате целосен Реики третман. Исто така ќе имате можност да прашувате прашања и да побарате разјаснување за сè она што е ви е јасно)
– Индивидуално „ускладување“или „штимање“ (attunement)на енергијата (Ова е потребно за да се поврзете со Реики. Тоа ќе ве оспособи да практикувате Реики на себеси, како и на останатите)
– Уникатна комплементарна програма која трае 21 ден (Ова програма ќе ве поддржи и поттикне да се поврзете со Реики во првите 21 ден после вашето „ускладување“ или „штимање“ (attunement).
Курсот трае 2 дена (сабота и недела) и со завршување на истиот се здобивате со сертификат за завршено прво ниво по Реики.
Пријавување и информации на:
Email: info@luxintgra.mk
Телефон: 075 205 922