Со националистичка реторика и иконографија, без државни симболи, реизбран Зијадин Села за лидер како единствен кандидат за претседател на Алијансата на Албанците на Конгресот во Тетово.
Во Скопје пак незадоволни членови и дел од ограноците порачаа – во Тетово има театар.
Села одговори дека партијата е единствена, побара двојазичност и бинационалност, додека пак Таравари на Заев му порача дека станал диктатор.