Од три часот ноќеска, откако е завршена поправката на дефектот на Блок 1 на РЕК Битола, електраната повторно произведува струја, информираат од АД ЕСМ.
Првиот блок беше исклучен поради прекината цевка, а со тоа најголемиот производител на струја во земјава беше вон функција.
Имено, Блок 3 не работи откако дојде до пожар на неговата трафостаница минатата седмица, а Блок 2 е во редовен ремонт. Се очекува до крајот на оваа седмица и тој да биде ставен во функција.
„Продолжуват активностите за ставање во функција и на Блок 2, кој беше во ремонт. Се очекува до крајот на неделата и оваа постројка да биде “на мрежа”, соопшти АД ЕСМ.