Рената Дескоска: Ревидирање на наставните програми и кратење на бројот на часови

Сподели

 

Министерката за образование и наука Рената Треневска-Дескоска посочи дека за сите промени во наставните програми ќе има јавна дебата помеѓу наставниците и експертската јавност.

-“Треба да има кратење на бројот на часови и реорганизирање на начинот на одржување на наставата, така што главните промени ќе бидат во основното образование и тоа во одделeнската настава”, изјави министерката и додаде дека „учениците се преоптоварени со голем број на часови и на тој начин нема ефикасност во учењето.“

-” Сметаме дека треба да има кратење и на бројот на часови, и да воведеме нов наставен план соодветен на учениците од таа возраст. Понатаму, да се воведат методи кои ќе значат креативно изучување на начин кој ќе ги заинтересира децата да ја следат наставата и да учествуваат во неа, а потоа и соодветни материјали кои ќе бидат користени – додаде Треневска-Дескоска.

Треневска-Дескоска информираше дека наставниците, преку апликација која веќе е подготвена, до 15 септември треба да дадат мислење за одредени учебници и да укажат на проблемите.

-” До директорите е испратена и лозинка преку кој може да се пристапи до апликацијата. Наставниците ќе можат лично да ги внесат бараните податоци, анонимно и без притисок ќе можат да одговорат на прашања кои нас како Министерство не интересираат” – рече Треневска-Дескоска.