Европската Унија треба да стави крај на штедењето по експлозијата што Брексит ја предизвика во Европа, оцени италијанскиот премиер Матео Ренци, пред денешниот состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд.
„Политиката на мерките за штедење го затемни хоризонтот. Таа ја претвори иднината во закана и го зајакна стравот. Без пораст, нема работа, односно без инвестиции, нема иднина. Без буџетска флексибилност, нема заедница“, наведува Ренци во колумната објавена во италијанскиот весник „Соле 24 оре“.