Решението за куќниот притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, стаса во битолската полиција, потврди портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова.
Како што рече Стаматова, полицијата ќе постапува според упатствата во решението.
Решението за спроведувањето на куќниот притвор на Талески патуваше пет дена од Скопје до Битола.
Денеска, од 11 часот, пред Основниот суд Скопје 1, припадници и поддржувачи на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) протестираат и бараат Талески да биде ослободен од куќен притвор.
Претставници на ГДОМ до Кривичниот суд доставија декларација за поддршка на судот, со која сакаат да ги охрабрат судиите да не подлегнуваат на притисоци.
Решението за куќниот притвор на Талески пристигна во битолската полиција