Ретроспективна изложба на Танас Луловски

Сподели

„Дали празен простор (во музеј, галерија, црква, итн.) може да претставува уметничко дело?“, Танас Луловски – Тане, 1984

Ова сѐ уште актуелно прашање го поставил еден од првите концептуални уметници во македонската дваесет вековна уметност, доајенот Танас Луловски, кон крајот на 1983 година кога го разработува концептот на проектот „Антислика 79“.

Националната галерија на Македонија ја подготвува и најавува неговата ретроспективна изложба, во Даут-пашиниот амам на 20 декември 2018 година.